Шестмина повредени при напад со киселина во Лондон

Од:

Шест лица се повредени синоќа во реонот на Стратфорд, во источниот дел на Лондон, при „инцидент со киселина“, соопшти лондонската полиција, додавајќи оти „не верува дека станува збор за тероризам“.

Според претставник на Метрополитен полицијата, инцидентот се случил кога „група мажи“ испрскале неколкумина луѓе со спреј, кој содржел „иритантна супстанца“, при што со повреди се здобиле шест лица.

Тој информира дека едно лице е уапсено под сомнеж за „нанесување тешки телесни повреди“.

Засега нема информации за каква „иритантна супстанца“ станува збор, но според првичните сознанија на полицијата, спрејот содржел некаква кислеина.

Настанот се случил во реонот на еден голем трговски центар во Стратфорд.

– Извесен број луѓе, според сознанијата, настрадале на различни места. Имаме податоци за шестмина настрадани. Очекуваме повеќе детали – дополни полицискиот претставник.

На местото на инцидентот веднаш пристигнале поголема група полицијаци и амбулантни и противпожарни возила.

Според очевици на настанот, инцидентот се случил по расправија.

Оваа не е прв случај на напад со кислина во Велика Британија, поради што, британската влада уште во јули најави дека размислува за воведување на пострпги казни за лицата кои ќе извршат напад со киселина.

Би можело да ве интересира

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Синот на пакистанските мигранти останува на чело на Лондон, влезе во историјата

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон