Едно шестгодишно дете било најдено мртво во неговиот училишен автобус во главниот град на Виетнам, Ханој, откако било оставено цели девет часа, соопшти денеска училиштето, пренесе ДПА.
Ле Хоанг Лонг, првооделенец во Интернационалното Гетавеј училиште, во Ханој, вчера попладне бил пронајден во бесвесна состојба во училишниот автобус, соопштија од училиштето.
Детето веднаш било пренесено во болница, но набрзо потоа починало, се додава во соопштението, што го пренесува ДПА.
Лонг во автобусот бил девет часа откако утрината не успеал да се симне со другите деца, а во текот на целиот ден надворешната температура во Ханој била над 30 степени Целзиусови, информира локалниот сајт Vnexpress.ol.
Случајот предизвика остри реакции низ цел Виетнам, со осуда на училиштето за смртта на детето.
Полицијата ги истражува околностите за смртта на шестогишниот Лонг.