Шестдевната војна која го отвори 50-годишниот конфликт за Израел

Од:

Хинду – Њу Делхи

Оваа војна со сигурност може да биде запомнета како пирова победа за Израел, која го збуни светот откако за шест дена порзи неколку арапски армии, но со тоа си го навлече бремето на многу ожестената 50-годишна борба со палестинците за Светите земји.

Во текот на неколку седмици во 1967 година, Израелците преживуваа основа страв дека се аутсајдери и нивната еврејска држава ќе биде збришана од лицето на Земјата. Тие мобилизираа резервисти за да се спротивстават на распоредените по границата египетски војски и ги барикадираа улиците со вреќи со песок.

Потоа се заврши молскавично. Превентивниот воздушен напад на 5 јуни ја уништи египетската воздушна флота која се уште беше на земја, а израелската армија ги одби исто и Јордан и Сирија. Израел се здоби со статус на регионална сила.

-Шетсдневната војна е една од најголемите победи во историјата на Израел, рече неодамна премиерот националист Бенјамин Нетанјаху.

Но има и друга гледна точка. Многумина во Израел извлекуваат заклучок дека Шестдевната војна можеби го посеала семето на злото. Затоа што Израел го зазема Западниот брег и Источен Ерусалем од Јордан, појасот Газа од Египет, и се наметна над палестинското население кое е приближно истобројно како и евреите. Потоа Израел беше обвинет дека односот на властите кон палестинците е форма на апартхејд и од миленик на западот во 60-ите години се претвори во една од најкритикуваните земји во светот.

Главното палестинско раководство се уште кажува дека сака дводржавбо уредување, а и повеќето Палестинци мислат така, покажуваат истражувања на јавното мислење. Но тие не се совпаѓаат со условите и можеби затоа мислат дека времето е на нивна страна. Ако остане една единствена држава таа половина ќе биде арапска, а не целосно еврејска, што Палестинците полесно ќе го прифатат отколку Израелците.

Какво решение да се најде со израелската окупација на земји каде живеват милиони Палестинци и дали мирот е возможен се главните прашања во израелската политика денес.

Меѓу Палестинците и Израелците имаше мировни преговори кои пропаднаа, и изблици на насилства. Окупираното население е подложно на воен притисок – неправеден кон палестинците и ставање на Израел во неудобна ситуација која се смета за демократија. По 50 години, таа воена окупација веќе не изгледа како нешто привремено.

Израелските поддржувачи на идејата поделеност, претходно го користеа јазикот на мирот: Палестинците заслужуваат своја сопствена држава и угнетувањето за нив е нешто лошо. Сега гледаат на нештата од демографска перспектива: Израел треба да се повлече од оние територии за да остане еврејска и демократска држава.

Евреите продолжуваат да се доселуваат на окупраните земји, што само ја комплицира уште повеќе ситуацијата, а можеби и го прави невозмпжно евентуалната идна поделеност.

Има околу осум милиони граѓани на Израел – приближно шест милиони евреи и два милиони арапи. Но на Западниот брег, кој го опкружува Ерусалем од север, исток и југ, има над два милиони Палестинци. Тие живеат од раздвоени територии една од друга, се здобија со автономен статус во 90-ите години и се контролирани од Палестинската автономна власт за која се сметаше дека е прашање на време да стане влада на суверена држава, но денес таа повеќе личи на орган на локалната самоуправа. Израел продолжува да биде одговорен за целосната безбедност, вклучувајќи и за влегувањето, излегувањето и движењето внатре во територијата.

И покрај тоа што Израел не го анектира Западниот брег – што во теорија ќе биде должен да им даде граѓанство на тамошните палестинци – околу 400,000 еврејски доселеници сега живеат во десетици населени места, рашркани по терторијата, некои близу до израелската граница, други длабоко внатре.

Појасот Газа е пак дом на уште два милиони палестинци. Израел ги повлече војските и доселениците од таму во 2005 година, но милитантната организација Хамас, која непрекинато се спортивставува на постоењето на Израел, брзо ја грабна територијата од Палестинската автономна власт.

Израел продолжува да ја држи под блокада таа зона, да го контролира небото, достапот до море, повеќето копнени контролни пунктови, да ја снабдува Газа со ограничено количество струја и други егистенцијални нешта. Иако окупацијата на терен заврши, таа продолжува да е на сила во очите на локалното население и голем дел од светот.

Ако ја земеме Газа како дел од проблемот, евреите и арапите се според бројноста скоро еднакви на Светите земји. Ако ја извадиме Газа, евреите ќе имаат кревко мнозинство и само затоа што Западниот брег не е анектиран.

Но Израел гради градови на територијата која не ја анектирал. Евреите можат да гласаат на изборите во Израел, но не и Палестинците. Тоа целосно ја урива претставата дека Израел е демократија.

Неколку израелски влади опредложија мирвни договори, кои требаше на палестинците да им дадат држава на поголемиот дел од земјите кои беа заземени во 1967 година. Но не стигнаа доволно далеку за ги примамат палестинските ракводители да ги профафат.

Клучен јазол е Ерусалем, каде никој не може да објасни како страните ќе сожителствуваат без граница и како може да биде ставена граница околу различните еврејски и арапски енклави на разумен и применлив начин. Палестинците допрва треба формално да се откажат од своето барање за право на потомците на бегалци да се врата на местата во Израел каде живееле нивните претци.

Некои од Палестинците отворено започнуваат да зборуваат за еднодржавно уредување, во кое ќе имаат рамноправни избирачки права. Израел со сигурност ќе се спротивставува на таква форма на анектирање, но каква би била алтернативата? Многу Изралеци започнуваат се повеќе да го опишуваат двојниот систем за управување на Западниот брег со апартхејд.

Некои во Израел просто сакаат да се извлечат од таа ситуација без договор. Во меѓувреме, владата продолжува да гради доселенички населби. Против таа пракса се изјаснуваат повеќето универзитетски професори, професионалци и специјалисти од службите за безбедност. Тие покажуваат се поголемо разочарување и многу од нив нема да ја одбележат годишнината од Шестдневната војна.

Би можело да ве интересира

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он