Шест земји формираа „Глобална коалиција за среќа“

Од:

Обединетите Арапски Емирати, Казахстан, Костарика, Мексико, Португалија и Словенија создадоа „Глобална коалиција за среќа“, беше соопштено на Шестата светска владина средба на врвот во Дубаи, посветена на прашања за ефективно државно управување и воведување на современите технологии во различни сфери на животот.

– Светот има потреба од нови форми на коалиции, кои ќе работат за благосостојбата и среќата на народите. Дојде време да се обединат напорите на владите за формирање на нови пристапи и механизми, кои ќе дозволат да се постигне среќа за луѓето и да се подобри квалитетот на нивниот живот, изјави Ал Мактум.

На престижниот форум учествуваат повеќе од 4.000 делегати од 140 земји, вклучувајќи и лидери на меѓународни организации, претставници на раководствата на водечки научно-технички структури и на технолошки корпорации од цел свет.

Би можело да ве интересира

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико