Шест загинати при напад врз Германскиот конзулат во Авганистан

Од:

Шестмина Авганистанци загинаа, а 128 се повредени во синоќешниот самоубиствен напад со автомобил-бомба извршен врз Германскиот конзулат во Мазар и Шариф, главниот град на авганистанската провинција Балх, соопшти полицијата.

Бомбаш-самоубиец со камион наполнет со експлозив удри во оградата на Германскиот конзулат, што се наоѓа во центарот на градот. Силната експлозија предизвика материјална штета и на околните згради, а пред Конзулатот е создал огромен кратер.

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи изјави дека 24 лица од персоналот на Конзулатот се безбедни и оти никој не настрадал во нападот.

Одговорност за нападот ја презедоа талибанците, наведувајќи дека тоа е одмазда за 30 убиени цивили во американскитте воздушни напади во Кундуз пред неколку дена.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан