Шест лица жртви на енергетски пијалок

Од:

Енергетските производи на компанијата „Монстер“ убиле пет лица во 2011 година и уште едно во 2009 година, тврдат медицинските извештаи, испратени до американската Управа за храна и лекови (ФДА).

Родителите на една од жртвите, девојче од американската сојузна држава Мериленд Анаис Фурние, веќе покренаа процес, во кој го обвинуваат „Монстер“, најпопуларниот енергетски пијалок во САД, дека ја предзвикал смртта на нивната ќерка поради високото ниво на коефин, кој го содржи.

Семејството на 14-годишното девојче поднесе тужба против калифорниската фирма производител на пијалокот, кој содржи кофеин, а кој е наречен „Монстер енерџи“. Родителите на Анаис изјавија дека нивната ќерка починала минатиот декември од предозирање со кофеин.

Според нивните адвокатите двете 0,7 литарски шишиња „Монстер“, кои нивната ќерка ги испила во рок од 24 часа пред нејзината смрт, содржеле кофеин колку седум шишиња „Кока-кола“. Аутопсијата констатира дека Анаис починала од „аритмија на срцето, предизвикана од труење со кофеин“.

Групацијата „Монстер бевриџ“, производител на пијалокот соопшти дека веќе продала над осум милијарди шишиња од енергетскиот пијалок во целиот свет и оти досега нема податоци за ниту еден смртен случај.

ФДА нагласува дека од 2004 година досега името на енергетските пијалоци „Монстер“ се споменува во 37 случаи, во кои се набљудувани исклучително тешки нус појави.

Би можело да ве интересира

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април

Односите со САД се на ултра високо ниво, изјави премиерот Мицкоски

САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка