Шест лица, меѓу кои и седумгодишно девојче, загинаа во руското гранатирање на градот Охтирка во регионот Суми, изјави гувернерот Дмитриј Живицки.
Претходно во текот на ноќта беше објавено дека шестгодишно момче било убиено во напади во Киев, додека една жена била убиена во гранатирање на станбена зграда во Харков.
Во нападите во текот на ноќта беа повредени десетици цивили.