Шест илјади полицајци патролираат по улиците на Ерусалим по серијата напади на Палестинци

Од:

Речиси шест илјади полицајци патролираат денеска по улиците на Ерусалим, како дел од безбедносните мерки за спречување нови палестински напади, по серијата напади на јавни места.

Полицијата распореди дополнителни сили за поддршка во Стариот град и во Источен Ерусалим, каде се распоредени дополнителни 4 илјади полицајци. Вообичаено за безбедноста на градот се грижат 2 илјади полицајци, јави ТАСС.

Израелските безбедносни сили од денеска воведоа ограничување за пристап на муслимани за петочната молитва во џамијата Ал Акса на светиот рид во Стариот град. Дозволено е само пристап на мажи над 40 годишна возраст.

Зголемените мерки за безбедност се преземени како одговор на бранот напади со ладно и огнено оружје, камења и автомобил бомби, што го зафатија Израел од почетокот на октомври. Досега загинаа осум Израелци и десетици се повредени.

Повеќето од нападите се извршени во Стариот град во Ерусалим.

Во судири од почетокот на месецот се убиени 32 Палестинци, вклучително десет радикали, сторители на напади, јави ТАСС.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање