Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

Од:

Заменичката државен секретар Венди Шерман разговараше денеска со министерот за надворешни работи на Република Кореја, Чои Јонг Кун и со заменик министерот за надворешни на Јапонија, Мори Такео, при што изразиле споделена загриженост за ракетната програма на Демократска Народна Република Кореја, соопшти Стејт департментот.

-Тие исто така разговараа и за важноста од обединета акција Русија да се повика на одговорност за одлуката на Путин да изврши инвазија на Украина, истакна портпаролот Нед Прајс.

Шерман испратила остра осуда за неодамнешното лансирање на балистички проектил од страна на ДНРК. Таа исто така ги истакнала цврстите заложби на САД за одбрана на сојузниците Република Кореја и Јапонија, рече тој.

-Заменичката државен секретар повторно ја истакнала заложбата на САД за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров и продолжителните напори за дипломатија со ДНРК.

Сите исто така дискутирале и за меѓународните напори Русија да се повика на одговорност за својата неиспровоцирана, неоправдана и несовесна војна против Украина, како и за заедничките напори, вклучително и од бизнис секторот, за поддршка на народот на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина