Шефот на венецуелската дипломатија го нарече перуанскиот претседател „куче“

Од:

Владата на Перу го повлече својот амбасадор во Венецуела, во знак на протест откако венецуелскиот министер за надворешни работи Делси Родригез го нарече перуанскиот претседател Пабло Кучински – „куче“.

– Ние нема да поднесуваме навреди, изјави во Лима пефот на перуансата дипломатијата Рикардо Луна, откривајќи дека освен повлекувањето на амбасадорот од Каракас, Владата на Перу испратила и протесна нота.

Расправијата меѓу овие две јужноамерикански земји започна откако една изјава на Кучински во Венецуела беше оквалификувана како „навреда“ за венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Во текот на својата неодамнешна посета на САД, перуанскиот претседател рече дека „Американците не трошат многу време за Латинска Америка, како и за некое мирно куче“.

Во тој контекст, Кучински зборувајќи за ситуацијата во тој дел од светот, ја спомена Венецуела и „многуте проблеми“ со кои се соочува оваа земја, што Каракас го има оквалификувно како навредливо за Мадуро.

Веднаш по тоа, венецуелскиот министер Родригез изјави дека перуанскиот претседател е „кукавица и послушно куче на САД“.

Перуанскиот министер Луна објасни дека она што го рекол Кучински е само метафора, која се однесува за целиот јужноамерикански континент.

– Изјавата се однесува на тоа дека САД не се премногу заинтересирани за Латинска Америка, затоа што не создава контроверзи, како што тоа го прават другите региони во светот, објасни Луна.

Откако десноцентристички влади ја презедоа контролата во Бразил, Аргентина и во Перу, а веројатно дека тоа наскоро ќе се слуичи и во Еквадор, левичарскиот претседател Николас Мадуро станува се повеќе изолиран во јужноамериканаката политика.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот