Шефот на Вагнер: Почнавме да се повлекуваме од Бахмут

Од:

Руската платеничка група Вагнер почна да ги повлекува своите сили од украинскиот град Бахмут, изјави нејзиниот основач Евгениј Пригожин. Пригожин постојано се закануваше дека ќе ги повлече трупите од градот пред да биде преземен, наведувајќи го неговиот спор со руската војска и одбранбениот естаблишмент за снабдувањето со муниција.

Пред неколку дена Пригожин саркастично сугерираше дека неговите платенички трупи би можеле да бидат заменети со „баталјон од генерали“.

Да потсетиме дека Пригожин вчера предупреди дека руската елита мора сериозно да се посвети на војната во Украина или може да се изгубат и да се соочат со револуција. Евгениј Пригожин во интервју објавено на неговиот канал на Телеграм рече дека Украина ќе се обиде да го опколи Бахмут и да го нападне Крим.

„Најверојатно ова сценарио нема да биде добро за Русија, па мораме да се подготвиме за тешка војна. Ние сме во таква состојба што би можеле е*ано да ја изгубиме Русија – тоа е главниот проблем… мораме да воведеме вонредна состојба“, рече шефот на Вагнер. Тој додаде дека во неговите политички ставови доминира љубовта кон татковината и службата за Владимир Путин.

Руската елита, како што рече, ги штитела сопствените деца од војната, додека децата на обичните Руси умреле на првите борбени линии, ситуација за која рече дека може да предизвика превирања во Русија. „Ако обичните Руси продолжат да ги враќаат своите деца во ковчези додека децата на елитата се сончаат во странство, Русија ќе се соочи со превирања како револуциите од 1917 година кои доведоа до граѓанска војна“, вели Пригожин.

Украина подготвува контраофанзива чија цел е да ги врати руските трупи до нејзините граници пред 2014 година, кога Русија го анектираше Крим, рече Пригожин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО