Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Владимир Путин не се откажал од своите планови да ја контролира Украина.
„Нема индикации дека рускиот претседател ја променил севкупната цел на оваа војна, а тоа е да ја контролира Украина. Русија мобилизираше многу нови војници и покажа дека е подготвена да претрпи болни загуби. Ова не е готово. Војните се непредвидливи. но мора да се подготвиме и за нова руска офанзива. Русија не треба да се потценува“, изјави Столтенберг во интервју за агенцијата ДПА.
Шефот на НАТО ги повика сојузниците да и обезбедат на Украина воена опрема за да го убедат Путин дека нема да ја постигне својата цел да ја преземе контролата врз Украина.
„Можеби звучи како парадокс, но воената поддршка за Украина е најбрзиот пат до мирот. Знаеме дека повеќето војни завршуваат на преговарачка маса, а веројатно и оваа војна. Но, знаеме дека то што може да постигне Украина во тие преговори зависи од нејзината воена ситуација.
Ако сакаме да се договориме за мирно решение што ќе обезбеди Украина да победи како независна демократска држава, најдобар начин е да и обезбедиме воена поддршка“, смета шефот на НАТО.