Шефицата на Делегацијата на Венецуела во Брисел прогласена за „персона нон грата“ во ЕУ

Од:

Европска Унија синоќа ја прогласи за непожелна личност шефицата на Делегацијата на Венецуела во Брисел, Клаудиа Салерно, откако Каракас ја протера амбасадорката на ЕУ, Исабел Бриланте Педрос.

Примена на реципрочни мерки против Венецуела предложи шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Бриланте Педрос доби рок од 72 часа да ја напушти Венецуела откако Владата на претседател Николас Мадуро ја проигласи за „персона нон грата“. Одлуката беше донесена откако ЕУ воведе санкции кон венецуелските функционери.

Министритре за надворешни работи на Европска Унија на 22 февруари го замрзнаа имотот и им забранија влез во ЕУ на 19 венецуелски владини претставници поради влошување на состојбата со демократијата во Венецуела по избнорите во декември 2020 годдина.

ЕУ такви мерки досега има воведено против 55 венецуелски функционери.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел