Шарма: Следува крајно алармантен Извештај на ОН за климатските промени

Од:

Претстојниот извештај на ОН за климатските промени и дава на меѓународната заедница најјасно предупредување за опасностите од забрзување на климатските промени, изјави денеска претседателот на COP26, Алок Шарма.

Шефот на самитот што ќе се одржи во ноември во Глазгов, Шкотска, за Обсервер рече дека извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ), кој се очекува утре, ќе покаже дека светот е на работ на потенцијална катастрофа.

– Ова ќе биде најсилното предупредување досега дека човечкото однесување алармантно го забрзува глобалното затоплување и затоа ова е моментот кога треба да реагираме, рече Шарма.

– Не можеме да си дозволиме да чекаме две години, пет години, 10 години – ова е моментот, додаде тој, објаснувајќи дека ако нациите „не дејствуваат сега, за жал, нема да имаме време“.

Шарма рече дека прави сè за да постигне договор за спорната цел за ограничување на затоплувањето до 1,5 степени, одржувајќи голем број виртуелни и лице в лице состаноци, додека се обидува да овозможи консензус на 197 земји за таа цел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поради климатските промени тајфуните стануваат се поразурнувачки

Катерина Ѓуровски

Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

A1on

Земјава една од петте најзагрозени од климатските промени, екологистите бараат „Климатска акција сега“

Светска банка ќе поддржи макроекономски и климатски реформи во Македонија со заем во вредност од 93,8 милиони евра

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

Шокантна снимка: Камионџија полуде, почна да тепа и да гази активисти на пат

Предраг Петровиќ