Шарл Мишел: Мораме да формираме европска ЦИА

Од:

Белгија сака да биде формирана Европска разузнавачка агенција, која пред се би помогнала во соработката во борбата против тероризмот, изјави денеска белгискиот премиер Шарл Мишел. 

– Денес имаме потешкотии, бидејќи информациите на  европски план ги разменуваме билатерално. Денес нема усогласена размена на податоци на ниво на Европа, изјави Мишел за француската радио станица РТЛ. 

Според него, кога  разознавачките служби би функционирале беспрекорно во размената на информациите, во светот повеќе никогаш не би се случил ниеден атентат. 

– Мораме што може побрзо да формираме Европска разузнавачка агенција, европска ЦИА, која ќе прибира податоци за поединци за кои има сомнеж за радикални цели и да се разоткријат оние кои имаат непријателски намери, потенцира Мишел. 

Истрагата за крвавиот терориситчки напад во Париз на 13 ноември, во кој загинаа 130 лица, на виделина ги истакна недостатоците во соработката меѓу разознавачките служби. 

Европскиот комесар за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос уште во петокот предложи создавање на европска разузнавачка агенција. 

Но, за таа навистина да се спроведе, пред се треба да се надминат некои недоразбирања во ЕУ, а неколку земји-членки, меѓу кои и Германија, не го кријат своето несогласување со таа идеја.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски