Северна Кореја: Испраќањето војници во Украина би било во согласност со меѓународното право

Од:

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја денеска соопшти дека нема да ги потврди медиумските извештаи за испраќање припадници на армијата на земјата да и помогнат на Русија во војната во Украина, но дека таквите чекори, доколку се преземат, ќе бидат во согласност со меѓународното право.

Претходно, претставникот на Пјонгјанг во ОН ги отфрли таквите тврдења.

„Ако Северна Кореја преземеше такви чекори, тие ќе беа во согласност со меѓународните норми, и покрај можните обиди од други да ги прикажат како нелегални“, рече заменик-министерот за надворешни работи Ким Џонг-гју, пренесе државната новинска агенција КЦНА.

Како што јави Ројтерс, најавата дојде откако рускиот претседател Владимир Путин одби да ги негира извештаите за севернокорејски војници во руските трупи, кои дојдоа од владите на Украина, Јужна Кореја, Соединетите Американски Држави и други земји.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија