Северна Кореја бара истрага за злосторствата на ЦИА

Од:

Северна Кореја го повика Советот на ОН за човекови права да ги истражи обвиненијата за тортурата, која што ја извршиле припадници на ЦИА над осомничените за тероризам, а кои неодамна беа објавени во извештајот на американскиот Сенат.

Овој потег на Се Со Пјонг, амбасадорот на Демократска Народна Република Кореја претставува дополнителен притисок на односите помеѓу двете држави, по обвиненијата на САД дека Пјонгјанг стои зад сајбер нападот на продуцентската куќа „Сони Пикчерс“.

Како што пренесе „Ројтерс“, Со рекол дека злосторствата кои се однесуваат на торитурите на ЦИА, треба да бидат ставени на дневниот ред на Советот на ОН за човекови права, кој ќе се состане од 2-ри до 27-ми март.

-Исто така испратив и писмо до претседателот на Советот за човекови права со барање за официјална расправа за случајот со ЦИА на наредната седница, но и формирање на независна комисија која би имала мандат да спроведе детална истрага за злосторствата поврзани со тортурите на ЦИА- рече тој.

Инаку американската компанија „Сони Пикчерс“ во декември беше мета на хакерски напад поради филмот „Интервју“ , во кој се зборува за обид на ЦИА да изврши атентат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

ЦИА го предупредила Бајден во 2022 година дека Русија може да употреби нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Поранешен службеник на ЦИА осуден на 40 години затвор

Горан Наумовски

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он