Северна Ирска нефлексибилна во преговорите за Брегзит

Од:

Арлин Фостер, шефицата на Демократската унионистичка партија (ДУП) на Северна Ирска, и клучен фактор во коалицијата на британската премиерка Тереза Меј, по средбата со главниот европски преговарач, Мишел Барние, во Брисел денеска, повтори дека останува црсто на својата позиција. ДУП е против секакви царински бариери помеѓу Северна Ирска и Велика Британија, што дополнително ги комплицира преговорите за Брегзит.

-Се противиме на секаков предлог кој ќе нѐ третира различно од остатокот од Велика Британија, во смисла на царини или на регулаторно усогласување, рече Фостер.

Еден од најтешките поглавја во преговорите за напуштањето на ЕУ на Велика Британија е границата помеѓу Република Ирска, членка на ЕУ и Северна Ирска, дел од Велика Британија.

За ЕУ е важно да се сочува интегритетот на внатрешниот европски пазар, односно стандардите кои ги наметнува ЕУ за своите производи и услуги, но истовремено е важно да не се појави тврда граница на ирскиот остров, од економски како и од историски причини.

Една од идеите предложени од страна на ЕУ е Северна Ирска да остане дел од европската царинска унија, што би значело царински контроли помеѓу ирскиот регион и Велика Британија. Иако официјално Лондон се противи на ова сценарио, зад кулисите се вели дека Меј е подготвена да прифати делумни бариери со Северна Ирска во делот на земјоделските производи.

Со денешната изјава на Фостер во Брисел дека Северна Ирска целосно се противи на било какви бариери со остатокот од Британија, се комплицираат преговорите за Брегзит како и просторот за компромис за Тереза Меј, бидејќи ДУП е клучен коалициски партнер на веќе ослабената британска влада на премиерката.

-Мислам дека е многу јасно, го ставивме тоа јасно на знаење, премиерката ја разбира нашата позиција и очекувам да ја почитува, изјави Арлин Фостер.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ