Две училишта и неколку десетина домаќинства се евакуирани во Белфаст, бидејќи во близина на полициската станица во претстолнината на Северна Ирска е пронајдена бомба.
Предупредувањето дојде откако претходно имаше два бомбашки напади во последните две недели, кои според полицијата се дела на ирските националистички екстремисти.
Сомнителниот предмет опишан како направа од експлозивен вид е пронајден на поле околу 500 метри одалеченост од полициската станица во северниот дел на градот.
-Мислам дека тие што стојат зад овој напад имаа јасна намера да убијат-изјави надзорникот од полицијата Ема Бонд, додека експерти се обидуваа да ја демонтираат бомбата.
Полицијата во почетокот на месецов сопре комбе во кое имаше четири бомби чија цел како што соопштуваат од власта, била полициската станица.
Минатиот викенд ,тројца полицајци избегнаа сигурна смрт, кога експлодираше бомба на само неколку метри од нив во предградието на Белфаст.
Со мировниот договор од 1998 година главно се завршени судирите помеѓу католичките ирски националисти, кои сакаат да се приклучат на Ирска и на протестантските унионисти кои сакаат да останат во состав на Англија.
Меѓутоа екстремните националисти меѓу кои има поранешни оперативци кои се одвоија од Ирската Републиканска Армија (ИРА), по прогласување на примирјето, се уште изведуваат повремени вооружени бомбашки напади.
Елена Георгиевска