Сестрата на основачот на „Фејсбук“ ќе работи за „Гугл“

Од:

Ариел Цукерберг, сестраната на основачот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг ќе работи во конкурентската компанија „Гугл“ и многу е горда на себе си за тоа.

Веста за своето вработување таа ја откри на својот профил на „Фејсбук“.

„Јас сум во Израел и само што дознав дека сум примена на работа во „Гугл“. Јас нема да лажам, чудно е чувствотото, но горда сум на себе си што успеав да бидам дел од тимот ,Wildfire’ “, напиша една од трите помлади сестри на Марк.

Во описот на работното место Менаџер, што го доби Ариел, се вбројуваат промоциите и подршката на интернет на познати светски групи и бендови, како што е на пример „Cirque du Soleil“. Компанијата „Wildfire“ од неодамна работи во склоп на „Гугл“.

Една од сестрите на Ариел и Марк, Ренди Цукерберг и честиташе за новото работно место на својата сестра, коментираќи дека повеќе членови на семејството Цукерберг работат за „Гугл“ отколку за „Фејсбук“. Што сакала да каже, само таа си знае.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он