Сенегалската армија навлезе во Гамбија за подршка на новозибраниот претседател Бароу

Од:

Сенегалските воени сили навлегоа на територијата на соседна Гамбија, како подршка на новоизбраниот гамбиски претседател Адама Бароу, соопштено е во Дакар, главниот град на Сенегал.

Бароу не може да ја преземе претседателската функција, затоа што досегашниот претседател на Гамбија, Јахја Џамех кој владее со оваа мала западноафриканска држава уште од 1994 година, не сака да ја предаде власта.

Новоизбраниот шеф на државата Бароу вчера положи заклетва во зградата на гамбиската амбасада во Дакар, а неговиот легитимитет како претседател на Гамбија, веднаш доби меѓународно признание.

Регионалниот блок на земјите во Западна Африка ЕКОВАС синоќа му даде ултиматум на Џамех да замине од претседателската канцеларија, до денеска на пладне, во спротивно тој ќе биде отстранет со примена на воена сила.

Земјите членки на Советот за безбедност на ОН , им дадоа целосна подршка на државите од ЕКОВАС, во настојувањето да се најде решение за политичката криза во Гамбија, која може да прерасне во граѓански судир, иако порачаа решението првично да се бара со политички средства.

Во операцијата за подршка на новиот претседател Бароу, покрај сенегалските војници, се вклучија и воените сили на Нигерија што испрати еден воен брод и воен авион, како и силите на Гана.

До денеска на пладне, со Џамех ќе преговара гвинејскиот претседател Алфа Конде, во обид да го убеди да се повлече од функцијата.

Во текот на вчерашниот ден, вакви преговори водеше мавританскиот претседател Мохамед Абдел Азис, но тој не успеа во својата мисија.

Претседателот Адама Бароу соопшти во Дакар дека останува во сенегалскиот главен град, додека не заврши меѓународната воена операција.

Од главниот град на Гамбија Банџул избегаа сите странски туристи и гости, како и голем број Гамбијци, стравувајќи од воени судири.

Досегашниот претседател Џамех не ги признава изборните резултати и успеа од нему лојалниот Парламент да обезбеди да му биде продолжен мандатот за уште три месеци.

Пред три денови, тој воведе вонредна состојба во земјата, која би требало да важи до април годинава.

Би можело да ве интересира

Најмалку 40 загинати во судир меѓу два автобуси во Сенегал

Ана Ололовска

Гамбија: Индиски производител на лекови одговорен за смртта на најмалку 70 деца од акутна болест на бубрезите

А1он

11 новороденчиња загинаа во пожар во болница во Сенегал

Катерина Ѓуровски

Во Сенегал регистриран првиот случај на сојот Омикрон

Катерина Ѓуровски

Трагедија во Атлантскиот Океан: 140 луѓе се удавија кај брегот на Сенегал

Жарко Настоски

Претседателот на Гамбија во самоизолација, а потпретседателот позитивен на Ковид-19

Ана Ололовска