Сенатот одобри Лојд Остин да биде на чело на Пентагон

Од:

Нов министер за одбрана во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе биде пензионираниот генерал Лојд Џеј Остин, кој беше командант на американските сили на Блискиот исток за време на владата на претседателот Барак Обама, и тој е првиот Афроамериканец на таа позиција.

Конгресот контролиран од демократите без никакви проблеми ја донесе одлуката потребна за потврда на Остин за министер за одбрана, што е прва одлука што новиот претседател ќе ја претвори во закон, а Сенатот денеска треба да ја потврди таа одлука.

Остин, со воена кариера од 41 година, вети дека ќе се опкружи со квалификувани цивили и ќе ги вклучи во политички одлуки. Тој рече дека речиси сиот свој живот го поминал посветен на принципот на цивилна контрола над армијата.

Тој, исто така, рече дека сфаќа зошто некои се сомневаат во назначувањето на неодамна пензиониран генерал за шеф на Министерството за одбрана, а голем дел од неговите активности оваа недела, вклучувајќи ги и изјавите на сослушувањето во Сенатот во вторникот, требаше да ги убеди членовите на Конгресот дека себе си се гледа како цивил, не како генерал.

Остин дипломирал на Воената академија на САД во Вест Поинт во 1975 година, служел во 2012 година како прв Афроамериканец заменик началник на Генералштаб, а една година подоцна го презеде раководството со Централната команда на Блискиот исток.

Би можело да ве интересира

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

САД: Во служба ќе се вратат војниците кои одбија да примат вакцина за Ковид-19