Сенатот го објави извештајот за бруталните сослушувања на ЦИА

Од:

Техниките за сослушување на ЦИА, употребени по терористичките напади од 11 септември 2001 година, не биле ефикасни и биле побрутални отколку што досега тврдеше разузнавачката агенција, се наведува во извештајот на американскиот Сенат.

Документот денеска го објави Комисијата за разузнавање во Сенатот. Тој е всушност „прочистена“ верзија на подеталниот извештај од парламентарната истрага, во кој се критикува програмата за тајно држење на околу 100 лица, за кои се претпоставувало дека се поврзани со Ал Каеда. Оваа тајна програма била дозволена за време на управувањето на претседателот Џорџ Буш.

– Методите на сослушување на ЦИА не помогнале за обезбедување информации, се наведува во извештајот. Се додава дека ЦИА ја криела вистината за програмата од јавноста, Конгресот и Белата куќа, која во поголем дел била подготвена од двајца надворешни подизвршители.

Извештајот е плод на петгодишна истрага на сенатската Комисија за разузнавање.

ЦИА и голем број високи функционери на американската администрација тврделе во минатото дека програмата била ефикасна и помогнала во откривање на терористички заговори.

Претседателката на комисијата, Дајен Фејнстејн појасни дека најмалку 119 лица биле подложни на вакви сослушувања во тајните центри.

Извештајот бил подготвен за објавување и во април оваа година, но тоа не било направено главно поради приговорите од ЦИА.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД