Сенатор од Пенсилванија уапсен поради обвинувања за педофилија

Од:

Сенаторот од Пенсилванија Мајкл Фолмер е уапсен поради обвинувања дека поседувал материјал со детска порнографија, соопшти канцеларијата на државниот обвинител на Пенсилванија.

Фолмер еден ден претходно поднесе оставка од сенаторската функција, откако беше објавено дека ќе биде обвинет за детска порнографија.

Иследници пронашле две фотографии со детска порнографија во мобилниот телефон на Фолмер откако добиле дојава од еден провајдер на социјални мрежи.

Сајтот „Тумблр“ во февруари испратил жалба до американскиот Национален центар за исчезнати и злоставувани деца во која навел дека еден корисник во декември 2017 снимил најмалку една фотографија со содржина за која се сомнева дека е детска порнографија.

Иследниците така дошле до профилот на Фолмер на „Тумблр“, како и до неговата домашна и имејл адреса.

– Мајкл Фолмер изјави дека имал некои лични проблеми и оти детската порнографија му била испратена преку неговиот блог на „Тумблр“, напиша во судскиот регистар еден од службениците во канцеларијата на обвинителот на Пенсилванија.

Би можело да ве интересира

Филип: Одлуката на Турција и САД ќе доведе до заживување на Исламската држава

Американските војници се повлекуваат од Сирија, но остануваат на Блискиот Исток

Кина бара прекин на воените дејства на Турција во Сирија, САД со „моќни“ санкции поради турската офанзива

Ана Ололовска

Еспер: Турската операција и попречува на борбата против терористите во Сирија

Ана Ололовска

Пенс: Трамп побара од Ердоган веднаш да ја прекине инвазијата на Сирија

Ана Ололовска

Трамп потпиша указ за воведување санкции против Турција

Ана Ололовска