Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Од:

Семејство со три деца со автомобил падна во море кaj Лавања во близина на Џенова. Лекарите се борат за животот на мајката и шестгодишното момче.

Трагедијата се случила под сè уште неразјаснети околности.

Според медиумите, се работи за семејство од Милано, а несреќата се случила во туристичката зона на пристаништето во Лавања.

Во саботата семејството дојде од Милано во Лавања за да го помине денот со пријателите. Кога се враќале дома, најверојатно поради погрешен маневар, автомобилот паднал од пристаништето во морето.

Еден нуркач и двајца морнари веднаш скокнале во водата за да ги извлечат заробените патници. За жал, мајката и шестгодишното момче не можеле веднаш да ги извлечат и неколку минути останале заробени на задното седиште.

Повреденото момче со хеликоптер е префрлено во болница во Џенова. И тој и неговата мајка се на одделот за интензивна нега и нивните животи се во опасност.

Според медиумите, таткото и двете деца на возраст од 16 и 12 години се задржани во болница. Тие се во тешка психолошка состојба.

Во тек е истрага.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он