Секој ден на улица питачи, а живее во стан од 350.000 евра

Од:

Сајмон Рајт (37) секој ден седел пред банката NatWest во искината облека со своето куче и со натпис на кој пишува дека моли за помош.

Минувачите дневно му давале вкупно од 200 до 300 фунти, а после „работата“ би одел во својот стан во Фулам, во источен Лондон, кој чини 300.000 фунти.

Полициајта тврди дека често одел до локалната обложувалница, каде вложувал поголем дел од добиените пари, а често износот двојно му се зголемувал.

– Користел знак на кој пишува дека е бездомник, а всушност има стан. Тоа е измама. Така ги поминувал деновите веќе три години, а улицата Патни е добра локација за питачење затоа што тамусе наоѓаат канцелариите на многу фирми и добри бутици, велат од полицијата.

Еден од луѓето кој работат во близината, а кој често на питачот му давал по пет или десет фунти, многу е огорчен поради измамата.

– Не можам да верувам дека питачел и го користел сожалувањето на луѓето кои живеат во станови помали од неговиот, рече Крис Фавершам.

– Намерно барал луѓе кои биле на банкомат и беше многу агресивн и незгоден кон оние кои не сакаа да му дадат пари, рече локалниот одборник.

Рајт е уапсен поради ситни прекршоци и одредена му е забрана за питачење по улиците, но и доаѓање во квартот чии жители ги „крадел“ повеќе од три години „работа“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он