Седумнаесет загинати во нов напад на Запорожје

Од:

Седумнаесет лица загинаа во ново бомбардирање на Запорожје, град на југот на Украина, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека нападот се случил три дена по претходното бомбардирање на градот.

„Најмалку 17 лица загинаа во ракетен напад во текот на ноќта на Запорожје“, изјави градскиот функционер Анатолиј Куртев, додавајќи дека во нападот биле погодени куќи и повеќекатници.

Во четвртокот во пет часот, седум проектили го погодија Запорожје, од кои три центарот на градот.

Градот Запорожје, кој е под контрола на Украина, се наоѓа во истоимениот регион, кој Русија го анектира, иако нема целосна контрола врз областа.

Би можело да ве интересира

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

ВИДЕО: Најголем украински напад со дронови, таргетирана и Москва

Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија

ВИДЕО: Украина нападна една од најголемите руски рафинерии

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски