Седумдесет и пет годишнина од ослободувањето на Ленинград од нацистичката опсада

Од:

Во Санкт Петербург одржана е воена парада по повод 75-годишнината од падот на нацистичката опсада во Втората светска војна на тогашниот Ленинград.

Над 2.500 војници, припадници на безбедносните сили и 80 специјални оружја учествуваа на церемонијата, што започна со минута-молчење за загинатите граѓани и војници за време на опсадата.

– Се поклонуваме во знак на сеќавањето на оние кои не се вратиле од војната и оние кои починале од повреди и болести. Руската армија секогаш ќе се сеќава на достигнувањата на нашите татковци и дедовци, нагласи командантот на Западниот воен округ, генерал-полковник Александар Журављев.

ТАСС јави, дека и покрај студеното време, голем број граѓани присуствувале на парадата.

Опсадата на Ленинград започнала на 8 септември 1941 година и траела 872 денови, до 27 јануари 1944 година.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски