Седум загинати и 32 повредени лица во две големи сообраќајни несреќи на автопат во Јужна Кореја

Од:

Најмалку седум лица загинаа, а други 32 се повредени во две големи сообраќајни незгоди во Јужна Кореја, јави денеска јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на официјални лица.

Германската агенција ДПА информира дека првата несреќа се случила рано утринава кога 10-на возила, вклучувајќи и товарни камиони, се судриле на автопат кај Јеончеон, во провинцијата Северен Гуeнсганг, на околу 300 километри јужно од Сеул.

Според агенцијата, во несреќата учествувале уште околу 20 други возила што возеле зад нив. Во карамболот загинале шест лица, а 14 се повредени.

Втората несреќа случила речиси истовремено, но на спротивната страна од автопатот, во која учествувале околу 20 возила, соопштија надлежните. Во неа едно лице загина, а 18 се повредени, наведува полицијата, пренесува ДПА.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски