Седум патници се повредени во авионот на Хавај ерлајнс

Од:

Седум лица се повредени во авион поради силни турбуленции за време на летот на Хавај ерлајнс од Хонолулу до Сиднеј, пренесува АП.

Авионот превезувал 163 патници и 12 членови на екипажот кога „наиде на неочекувани силни турбуленции околу петтиот час од летот“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

„Авионот само што се „потона“. Не бевме подготвени“, изјавил еден од патниците за ABC News.

Лекарите на аеродромот укажале помош на тројца повредени патници кога авионот слетал во Сиднеј, соопшти авиокомпанијата.

Еден патник и три стјуардеси се испратени во болница на дополнителни прегледи.

Минатата година во тешки турбуленции беа повредени 25 лица на летот на „Хавај ерлајнс“. Четворица патници и двајца членови на екипажот се здобија со сериозни повреди, додека авионот претрпел мала штета, јави АП.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици