Форензичкиот тим на Владата на Шри Ланка соопшти дека седум бомбаши самоубијци извршија шест симултани напади врз три цркви и три луксузни хотели во и околината на Коломбо на Велигден.
Две лица беа вклучени во нападот врз хотелот „Шангри-Ла“, по еден напаѓач учествувале во нападот врз „Синамон Гранд“, „Кингсбери“ и „Сент Ентони Шрајн“ во Колумбо, како и врз нападот врз црквата Сенр Себастијан во градот Негомбо и врз црквата Зион во градот Батикало.
Подоцна беа извршени и два бомбашки напади врз гостилница и во близина на надвозник во Коломбо, кои се уште се под истрага. Осомничените напаѓачи детонираа експлозив во куќа во близина на надвозникот, при што загинаа тројца полицијаци.
Според последните податоци, при вчерашните експлозии загинаа најмалку 290 луѓе, а околу 500 се повредени. Помеѓу загинатите има државјани на САД, Велика Британија, Индија, Кина и други земји.