Се затвора најстрашниот аеродром на светот Марискал Сукре во Кито

Од:

Турбулентниот лет ни одблиску нема да ги исплаши патниците како „компликуваното“ слетување на аеродромот Марискал Сукре. За нив овој аеродром е вистински кошмар.

Аеродромот е опкружен со гигантски вулкани и е еден од најстрашните на светот.

Тоа е една од причините заради кои од 19 февруари тој ќе биде преместен на друга локација.

Кога беше отворен, во 1960 година, аеродромот беше опкружен со полиња од пченка, но со растот на главниот град околината стана нешто поуредена и ништо помалку опасна.

Марија Давила (40), која од детството живее во близина на пистата, вели дека при слетувањата на авионите постојано се тресат прозорците на нејзината куќа.

-Често пати размислував дали авионот ќе падне на нашата куќа и ќе ги убие сите членови на моето семејство, вели оваа жена.

Во шеесетите години на минатиот век Кито имаше 350.000 жители, а сега оваа бројка нарасна на 2,2 милиони.

На аеродромот, откако е отворен, до сега имало 10 несреќи.

Еден ДЦ-8 во сопственоста на компанијата „Аека“ при полетувањето во 1984 година удри во блиските куќи и однесе 49 животи. Четиринаесет години подоцна авионот Тупољев 154 на компанијата „Кубана де Авиацион“ не успеа да полета и удри во ѕид на аеродромот убивајќи 76 лица.

Повеќето од несреќите беа причинети од пролизгување од пистата.

Блиските планини прават авионот да мора под исклучително кос агол да и приоѓаат на пистата, а висината од речиси 2.850 метри со редок воздух ги намалува перформансите на авионот за слетување и полетување.

Би можело да ве интересира

Британецот мора да плати 20.000 долари на „Јунајтед ерлајнс“ за пренасочување на летoт

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот во кој патувал министерот Шапс, тврдат Британците