Момче од Америка убило 16-годишна девојка со која се запознале преку социјалната мрежа Фејсбук.
16-годишната Линда и 21 – годишниот Џери се запознале на Фејсбук на 8 април 2011 година. Кај нив се се одвивало многу брзо. Започнале да си пишуваат во 14:30, се договориле да се сретнат во 18:30. Во 21:15 имале секс, а веќе во 21:39 девојката била мртва.
-Се мазевме. Ја стави раката на мојата нога. Потоа започна расправија бидејќи таа ми кажа дека има момче и бараше да ја однесам кај него, вели Џери пред судот.
Откако Џери одбил, Линда земала железен чекан, па кујнски нож и го нападнала.
”Тука изгубив контрола и ми се помати разумот”, изјавил Џери кој ја убил девојката со 13 удари со чеканот по главата. Потоа ја избодел девет пати со нож.