Се закани со нуклеарен напад на Газа, Нетанјаху мораше да го суспендира министерот

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го суспендираше министерот за културно наследство Амихаи Елијаху од владините состаноци на неодредено време.

Елијаху беше суспендиран бидејќи зборуваше за можноста од нуклеарен напад врз Газа, соопшти кабинетот на премиерот.

Елијаху претходно денеска ја изнесе идејата за нуклеарен напад врз Газа, која подоцна ја отфрли како „метафорична“ забелешка, објави „Тајмс оф Израел“.

Елијаху, министер од екстремно десничарската партија Окма Јехудит, рече дека нуклеарниот напад врз Газа е опција.

Запрашан во интервју за Радио Кол Берама дали треба да се фрли атомска бомба врз Газа, Елијаху рече дека тоа е една од можностите.

За време на интервјуто, Елијаху, исто така, изрази противење да се дозволи каква било хуманитарна помош за Газа, велејќи дека во енклавата нема цивили кои не се вклучени во конфликтот.

Елијаху го поддржува повторното заземање на територијата на Појасот Газа и обновата на тамошните населби.

Тој изјави дека северниот дел на Газа нема право да постои и дека секој што вее знаме на Палестина или на Хамас не треба, како што рече, „да продолжи да живее на лицето на земјата“.

Елијаху подоцна рече дека неговата забелешка за нуклеарниот напад врз Газа била „метафорична“.

Тој на платформата Х напиша дека „на секој со мозок му е јасно дека забелешката за атомската бомба е метафорична“.

Елијаху додаде дека Израел навистина мора да покаже, како што наведе, „силен и непропорционален одговор на теророт, што ќе им стави до знаење на нацистите и нивните поддржувачи дека за тероризмот не вреди да се вложи труд“.

„Ова е единствената формула со која демократиите можат да се борат против теророт“, рече Елијаху.

Тој посочи дека истовремено е јасно дека државата Израел е должна да направи се за да ги врати живи и здрави заложниците на Хамас.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници