Се воведоа нови санкции кон Венецуела

Од:

САД воведоа санкции кон венецуелската рударска компанија „Минервен“, со образложение дека нејзините приходи од производството на злато се користат за финансирање на претседателот Николас Мадуро и неговото опкружување.

Во јануари годинава САД воведоа санкции и кон државната нафтена компанија ПДВСА, како обид за засилување на притисокот врз Мадуро да се согласи на нови избори.

Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин изјави дека овие мерки имаат за цел да спречат искористување на ресурсите од страна на Мадуро, се додека контролата во Каракас не ја преземе времена или нова демократски избрана влада.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Москва одговори на американските санкции, „рампа“ за повеќе од 200 Американци

Македонската компанија „Сајтрокс“ под санкции од САД заради шпионскиот софтвер „Предатор“

Катерина Ѓуровски

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка