Се влошува ситуацијата со коронавирусот во Франција – 4.771 нови случаи за 24 часа

Од:

Во последните 24 часа во Франција се регистрирани нови 4.771 случаи на коронавирус, соопшти Генералниот директор за здравство, јави дописникот на МИА.

Вчера беа откриени 3.776 случаи, односно за една недела беа идентификувани вкупно 18.638 случаи. Стапката на позитивни лица на тестовите е се уште висока, достигнувајќи 3,3 отсто.

Изминатите 24 часа, од Ковид-19 умреле 12 лица, со што вкупниот број на жртви од болеста достигна 30.480. Вкупно 4.748 лица во моментов се водат како пациенти од Ковид-19 во болниците. Меѓу нив, 28 нови пациенти биле примени на интензивна нега, со што бројот на пациенти во овие единици се зголеми на 380.

Според последниот извештај, 410 „кластери“ или извори на зараза се уште се активни на територијата на Франција, меѓу кои 35 се откриени во последните 24 часа. Жариштата на заразата најчесто се пошироките семејни средини или јавните собири со 25 отсто од кластерите, потоа здравствените установи со 14 отсто и претпријатијата со 26 отсто.

Здарвствените власти препорачуваат почитување на растојанието од еден метар, миење на рацете и носење маска, за да се избегне ризикот од зараза. И како што летната сезона полека се приближува кон крајот, Генералниот директорат за здравство ги охрабрува сите да се тестираат при враќањето од одмор.

За потсетување, од 1 септември задолжително ќе биде носењето маска во француските претпријатија.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата