Четири виетнамски војници загинаа, откако воен хеликоптер од американско производство, кој што бил употребуван во Виетнамската војна, се урнал во тек на обука.
Во Бан Туан, официјално лице во виетнамскиот генералштаб, изјави дека хеликоптерот од видот„хјуи“ исчезнал од радарите осум минути по полетување од воздухопловната база, во близина на градот ХоШи Мин.
Се уште не е јасно зошто се урнал хеликоптерот, чии што остатоци се пронајдени на нива на периферија од градот.
Туан додаде дека леталото своевремено и припаѓало на американската војска, но комунистичките сили го заплениле на крајот на војната.
Како што пренесуваат медиумите, виетнамската војска запленила педесетина „хјуи“ од американско производство и повеќето од нив се уште се користат за воена обука и во спасувачки операции.
Инаку во јули во Виетнам се урна и еден хеликоптер од руско производство, при што загинаа 20 лица.
Е. Г.