Патниците на Боинг 737 се водат како исчезнати, откако според првите информации, авионот се урнал само неколку минути по полетувањето во Индонезија. Според првите неофицијални информации, авионот паднал во морето.
Sriwijaya Air flight #SJ182 lost more than 10.000 feet of altitude in less than one minute, about 4 minutes after departure from Jakarta.https://t.co/fNZqlIR2dz pic.twitter.com/MAVfbj73YN
— Flightradar24 (@flightradar24) January 9, 2021
Авионот на индонезиската авиокомпанија Сривиџаја Ер изгуби контакт со контролата на летот по полетувањето од аеродромот во Џакарта денеска, насочувајќи се кон Понтианак, во провинцијата Западен Калимантан.
Video of civilians finding small parts from the Sriwijaya Air flight SJ182 that departed from Jakarta, Indonesia #sj182 #SriwijayaAir pic.twitter.com/sxt8o1xsW5
— HzKv (@HZLABZ) January 9, 2021
Според неофицијални податоци, во него имало 56 патници, од кои седум деца и три бебиња, како и шест члена на екипажот.
Според првите информации, авионот паднал од висина поголема од 3.000 метри само четири минути по полетувањето. Според индиските медиуми, леталото се користи веќе 27 години.
Indonesia's Ministry of Transport says Sriwijaya Air flight SJ182 was carrying 56 passengers (46 adults, seven children, and three infants) and six crew members. https://t.co/v2g1CHe2hw pic.twitter.com/v6aFYFhM6K
— Breaking Aviation News & Videos (@breakingavnews) January 9, 2021
– Ги следиме извештаите за исчезнатиот авион во Индонезија. Се надеваме дека наскоро ќе имаме повеќе информации – објави Флајтрадар 24.
Авиокомпанијата соопшти дека ќе даде официјална изјава кога ќе имаат повеќе информации.