Се урна авион со воена делегација на Гвинеја, сите патници загинати

Од:

Авион кој превезувал воена делегација на Гвинеја, се урна близу до Монровиј. Сите десет патници загинале, меѓу кои и началникот на генералштабот на гвинејската војска Сулејман Келефа Дијало.

Во авионот се наоѓале официјални лица на гвинејската војска и министерството за одбрана кои патувале на прославата на вооружена сила во соседна Либерија, а несреќата се случила во градот Шарлвил, осум километри од меѓународниот аеродром, јави „Франс прес“.

Либеријскиот министер за одбрана, Бауни Самукаи изјави дека во тек е истрага за оваа несреќа, а причината се уште е непозната

Би можело да ве интересира

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во Лондон: Комбе влета во пешаци, има мртви и повредени

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Несреќа во Сараево: Дете падна од четврти кат

ВИДЕО: Се урна покривот на трговски центар во Перу, меѓу загинатите и дете

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски