Се стравува дека во руско бомбардирање врз училиште загинале 60 лица

Од:

Се стравува дека 60 луѓе загинале во воздушен напад врз училиште во областа Луганск, кое служело како засолниште за цивили.

Околу 90 луѓе се наоѓале во засолништето во училиштето, изјави Сегеј Хаидаи, шеф на регионалната воена управа на Луганск, додавајќи дека 30 лица се извлечени од урнатините. Седум од нив се ранети, рече тој.

Во урнатините досега се пронајдени две тела, изјави утрово Хаидаи, додавајќи дека „веројатно е дека сите останати 60 луѓе под урнатините се мртви“.

Руски авион, соопшти синоќа Хаидаи, фрлил бомба врз училиште во селото Билохоривка, кое е на околу 11 километри од бојното поле. Во подрумот на училиштето, рече тој, „беше речиси цело село“.

На пожарникарите им требаа повеќе од 4 часа за да го изгаснат пожарот кој избувна по бомбашкиот напад во училиштето.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков