Се скараа Мелони и Трамп: Ми беше жал за неа

Од:

Откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека италијанската премиерка Џорџија Мелони го молела да се фотографираат заедно, одговор дојде од Рим.

Мелони изјави дека е целосно зачудена од изјавите на американскиот претседател.

„Изјавите на Доналд Трамп се целосно измислени. Искрено сум зачудена, не знам зошто претседателот на САД се однесува вака кон своите сојузници“, изјави таа.

Таа истакна дека не е прв пат Трамп да се однесува така.

„Не е прв пат. Можам само да кажам дека ми е жал што тој нема иста решителност кон непријателите на Западот, кон лидерите со кои, од друга страна, е многу поблаг. Едно треба да се запомни. Италија и јас никогаш не молиме“, рече таа.

Патем, Трамп го кажа ова за време на интервју за La7, поточно емисијата L’Aria che tira.

„Ме молеше да се слика со мене. Многу го сакаше тоа. Нормално не сакав да го направам тоа, но ми беше жал“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Џеј Ди Венс го разоткри американскиот претседател: Трамп воведува ред, забрани кафеави чевли

Трамп: Британскиот премиер ќе поднесе оставка

Трамп доби совет: Не го пречекувај „Мистер Бин на крек“ во Овалната соба

Горан Наумовски

Трамп ги обвини Обама и западните лидери дека ја исфрлиле Русија од Г8

Трамп порача преку „Аксиос“: По војната со Иран, нема граници на мојата моќ

(ВИДЕО) Обама: Потрошивме милијарди, многумина починаа, а ситуацијата се влошува