Трамп доби совет: Не го пречекувај „Мистер Бин на крек“ во Овалната соба

Од:

Американскиот министер за финансии Скот Бесент наводно го советувал американскиот претседател Доналд Трамп да не го прима украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба. Во приватни разговори, Бесент го опишал Зеленски со навредливи и погрдни термини, како што е „Мистер Бин на крек“, се вели во книгата „Промена на режимот“, напишана од новинарите на Њујорк тајмс (NYT), Меги Хаберман и Џонатан Свон.

Според книгата, Бесент наводно им кажал на соработниците дека Зеленски е „лукав“, „тежок за соработка“ и употребил низа навредливи описи за него, вклучително и „дете со посебни потреби“.

Авторите, како што објави Гардијан, наведуваат дека некои помошници на Трамп биле загрижени дека средбата со Зеленски во Белата куќа би можела да заврши со конфронтација, додека тогашниот советник за национална безбедност Мајк Волц се обидел безуспешно да ја пренесе пораката дека украинскиот претседател треба да дојде на состанокот во костум.

Според книгата, Бесент го советувал Трамп да не му дозволи на Зеленски да влезе во Белата куќа пред да го потпише договорот за минерални ресурси, чие составување Бесент помогнал.

И покрај ова, состанокот се одржал на 28 февруари 2025 година, и според авторот, завршил многу лошо откако Трамп и потпретседателот на САД Џ.Д. Венс го критикувале Зеленски за она што го сметале за недоволна благодарност за американската помош за Украина и за начинот на кој бил облечен.

Хаберман и Свон наведуваат дека Бесент бил присутен за време на состанокот и дека Венс станувал сè пофрустриран бидејќи Зеленски инсистирал на безбедносни гаранции, што потпретседателот на САД го сметал за несоодветно однесување и неблагодарност.

Книгата содржи и наводи за претходната посета на Бесент на Киев, за време на која тој се обидел да го убеди Зеленски да го потпише договорот за минерали.

Според авторите, разговорот меѓу двајцата функционери траел 45 минути и се одвивал во многу напната атмосфера, со меѓусебни обвинувања и покачени тонови.

Авторите наведуваат дека преговорите подоцна заглавиле поради несогласувања меѓу Бесант и американскиот секретар за трговија Хауард Лутник околу формулацијата на договорот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски за операцијата „Вивалди“: Елиминиравме 10.600 Руси за една недела

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Судија му нареди на Трамп да ги врати CNN и Politico во Белата куќа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе го „уништи“ Иран во говорот пред ОН, додека претставници на двете земји се сретнаа во Њујорк

(ВИДЕО) Потпишан договорот за Гренланд: САД добиваат бази, територијален интегритет на Данска