Сегрегацијата во училиште е „една од најлошите форми на дискриминација“ во Европа, се наведува во денеска објавениот извештај на Советот на Европа, во кој се наоѓаат препораки до раководителите на земјите-членки на организацијата.
Комесарот на Советот за Европа одговорен за заштита на човековите права, Нилс Мужниекс изјави дека сегрегацијата во училиште им пречи на многу деца во иднина да си најдат соодветна работа и да добиваат пристојна плата.
– Деца кои се физички малтретирани, деца на мигранти и бегалци, деца кои се отстранети од образовниот систем – сите тие се жртви на таа сегрегација, нагласи Мужниекс.
Тој препорачува 12 мерки, кои настојува да бидат наложени со закон, вклучувајќи да им се забрани на образовните институции да ги селектираат учениците преку тестови. Според него, најдобрите наставници треба да бидат испратени да предаваат во „најтешките“ училишта, вклучувајќи ги сиромашните квартови.
Мужниекс упати критики до родителите кои сакаат да ги запишат своите деца во училишта каде нема нивни врсници од малцинските групи или деца на мигранти.