Се преврте брод во Сенегал, загинаа 21 лице

Од:

Во водите на крајбрежниот регион Бетенти во Сенегал, се преврте брод со 72 патници, при што загинаа 21 лице, од кои повеќето се жени, соопшти локалната пожарникарска служба.

Инцидентот се случил во понеделникот вечерта, а се уште официјално не е позната причината за несреќата.

Командирот на пожарникарната служба Умар Кејн наведе дека првично се сметало дека загинале 20 лица, но потоа било пронајдено телото на уште една жртва која се водела како исчезната.

Сенегалската полиција засега уапси четири лица, а постои сомнение дека несреќата ја предизвикала експлозија на плинска боца.

Се наведува дека на бродот се наоѓале жени кои собирале плодови како остриги.

Би можело да ве интересира

Најмалку 40 загинати во судир меѓу два автобуси во Сенегал

Ана Ололовска

11 новороденчиња загинаа во пожар во болница во Сенегал

Катерина Ѓуровски

Во Сенегал регистриран првиот случај на сојот Омикрон

Катерина Ѓуровски

Трагедија во Атлантскиот Океан: 140 луѓе се удавија кај брегот на Сенегал

Жарко Настоски

Тринаесет лица убиени во оружен напад во шума во Сенегал

Наум Локоски

Најмалку девет лица загинаа во стампедо на фудбалски натпревар во Сенегал

Наум Локоски