Се повеќе деца во Европската унија се под закана за сиромаштија и укинување социјални грижи заради економската криза, се вели во извештај на агенција на ЕУ за заштита на човекови права.
„Сиромаштијата на децата е се повеќе алармантно прашање во ЕУ“, нагласува Европската агенција за основни човекови права во годишниот извештај објавен денеска.
Тие наведуваат дека во минатата година државите членки на Унијата биле принудени да намалат буџетски расходи што предизвикало сериозни последици за децата во областа на образованието, здравството и социјалните грижи.
Според официјалните податоци на ЕУ од 2011 година, 27 отсто од децата во ЕУ се под закана од сиромаштија или бришење од листа за социјални надоместоци. Агенцијата наведува дека особено е алармантна ситуацијата во Грција.