Се појави првата фотографија од Брајан по исчезнувањето на Ана Волш: Новинар го фотографираше пред куќата во Кохасет

Од:

Брајан Волш (47) е обвинет за убиство на сопругата Ана Волш (39), која исчезна на 1 јануари во Кохасет, мал град во Масачусетс. Тој денеска треба да се појави на суд, а се појави и првата фотографија од Брајан по исчезнувањето на неговата сопруга.

Ана Волш исчезна рано на 1 јануари, кога требаше да замине на аеродромот Логан во Бостон за да отпатува во Вашингтон на работа, рекол Брајан. Подоцна се покажа дека таа никогаш не се качила на летот и дека тој бил закажан за 3 јануари. Не беа пронајдени докази дека Ана некогаш ја напуштила куќата.

На 8-ми јануари, Брајан Волш беше уапсен поради основано сомнение дека ги лажел инспекторите и ја попречувал истрагата и добил обврзница од половина милион долари и ја негираше вината. Утврдено е дека тој постојано ја лажел полицијата за своите движења во текот на неделата кога исчезнала неговата сопруга.

„Сопругот на Ана Волш и тогаш не беше позборлив отколку денес. Брајан не сакаше да го коментира исчезнувањето на сопругата“, напиша новинарот кој ја објави фотографијата на Брајан.

Фотографијата е направена на 5 јануари, ден по пријавувањето на Ана Волш за исчезната, снимена од новинар од Бостон и објавена на неговиот Твитер профил. Таа била пријавена за исчезната од нејзиниот работодавец кога не се појавила на работа.

Некои американски медиуми објавија дека Брајан Волш на интернет барал „како да се ослободи од телото на жена тешка 52 килограми“.

Би можело да ве интересира

Истражителите го имаат клучниот доказ за убиството на Србинката Ана Волш, се чекаат анализите

Американската полиција доби мистериозна порака седум дена по исчезнувањето на Србинката

Предраг Петровиќ

Нови детали за убиството на Србинката Ана Волш: Сопругот ја распарчил поради љубовник

Катерина Ѓуровски

Брајан Волш денеска се појави на суд: Обвинет е за убиство на сопругата Ана

Брајан Волш е обвинет за убиство на сопругата Ана

Пронајдено е тело во близина на куќата на мајката на Брајан Волш