Истражителите го имаат клучниот доказ за убиството на Србинката Ана Волш, се чекаат анализите

Од:

Според судските документи, иследниците пронашле фрагмент од коска на пилата што Брајан Волш, наводно, ја фрлил во контејнер откако ја убил сопругата од Белград, Ана Волш.

Според документите, се уште се чекаат резултатите од ДНК анализата за да се утврди дали и припаѓа на Ана Волш. Доколку се докаже дека е на исчезнатата белграѓанка, тоа ќе биде клучен доказ против него при натамошното судење.

Брајан се појави на суд во четвртокот првпат откако беше обвинет за неколку точки за убиство на неговата сопруга.

Тој се изјасни за невин по сите обвиненија, а полицијата сè уште не го пронашла нејзиното тело.

Меѓу собраните докази беше и моторна пила пронајдена во контејнер спроти куќата на неговата мајка во Свампскот, Масачусетс, како и клучеви од автомобилот, картичката за вакцинација на Ана, часовник, ѓердан од Гучи за кој се знае дека го носела Ана и „Хантер “ чизми, црна чанта Прада и кратко црно палто, според документите објавени на 27 април.

За време на истрагата, полицајците пронашле и килими за кои веруваат дека биле во куќата на семејството Волш во Кохасет, на кои имало светло кафени дамки.

Пред неколку дена беа објавени три фотографии од надзорните камери на кои се гледа како тој носи опрема за чистење, како и голема кеса за ѓубре.

На една фотографија се гледа како Брајан турка количка во домот Рокленд на 8.јануари помеѓу 16:12 и 16:52 часот.

Некои од предметите забележани во количката беа три џогери и четки, две големи проѕирни церади, две ленти, заштитно одело, кофа за џогер, три кофи со капаци, нож, заштитни очила, две кеси со сода бикарбона и секира.

Многу од овие предмети биле пронајдени и во неговата куќа по претресот.

Друга фотографија го прикажува Брајан на паркинг во Свампскот во 17.13 часот на 1. јануари, каде што е виден како фрла црна торба за канта во контејнер.

За време на сослушувањето, обвинителството откри голем број детали за тоа што наводно се случувало деновите пред и по смртта на Ана, пренесува Boston25news.com.

„Во декември 2022 година, Брајан Волш се сомневал дека Ана го изневерува. „Во тој период тој постојано одел на страницата на Инстаграм на една од пријателите на Ана од Вашингтон“, рече обвинителот читајќи ги новите документи.

Откако Ана се вработила на почетокот на 2022 година, таа редовно патувала во Вашингтон каде работела за меѓународната компанија за недвижнини Тишман Спајер.

На 26 декември 2022 година, мајката на Брајан, по негово водство, ангажирала приватен детектив во Вашингтон да ја следи Ана „за да го докаже нејзиното неверство“, соопшти обвинителството. Два дена подоцна, за време на вечерното излегување со пријател во Вашингтон, Ана, наводно, ги открила плановите да го остави Брајан и да ги пресели децата во главниот град, плашејќи се дека тој ќе оди во затвор под обвинение за федерална измама.

Брајан ја пријавил Ана за исчезната во компанијата во која работела на 4. јануари и рече дека таа го напуштила семејниот дом во Кохасет утрото на 1 јануари поради „итни деловни обврски“.

Откако наводно ја убил Ана, Брајан во раните утрински часови на 1 јануари го зел ајпадот на детето на кој „прогуглал“ 21 работа, вклучително и начинот на распарчување и отстранување на телото, велат истражителите. Слични пребарувања биле регистрирани на истиот iPad од 4:50 до 14 часот.

Во деновите по исчезнувањето на Ана, била ангажирана бебиситерка да се грижи за трите деца. Таа бебиситерка на полицијата и рекла дека Брајан ги заменил сите теписи на приземјето од куќата, како и кантата за ѓубре. Ставил и брава на вратата од визбата.

Потрагата за исчезнатото лице по Ана беше брзо пренасочена кон истрага за сомнително исчезнување откако беше пронајден крвав нож во подрумот на домот во Кохасет. Повеќе траги од крв биле пронајдени и во теренецот Volvo на Брајан.

Последователните наводи ги одведоа истражителите до Северниот брег каде што беше пронајдена пила на депонијата Пибоди.

На 5-ти јануари, полицијата на Кохасет утврдила дека Ана всушност не отпатувала во Вашингтон и започнала потрага по неа со помош на државната полиција на Масачусетс.

Брајан Волш е приведен откако властите издале налог за претрес на куќата и ги заплениле сите дигитални уреди, пишува Телеграф.

За време на сослушувањето, адвокатот на Брајан тврдеше дека нема докази дека Ана е мртва и дека парот имал добар брак.

Брајан останува во притвор без кауција.

Би можело да ве интересира

Американската полиција доби мистериозна порака седум дена по исчезнувањето на Србинката

Предраг Петровиќ

Нови детали за убиството на Србинката Ана Волш: Сопругот ја распарчил поради љубовник

Катерина Ѓуровски

Брајан Волш денеска се појави на суд: Обвинет е за убиство на сопругата Ана

Брајан Волш е обвинет за убиство на сопругата Ана

Пронајдено е тело во близина на куќата на мајката на Брајан Волш

Познаници го опишаа Брајан како изрод: „Ана беше тивка, не се дружеше со никого“

А1он