Нови детали за убиството на Србинката Ана Волш: Сопругот ја распарчил поради љубовник

Од:

Nовообјавените фотографии покажуваат дека обвинетиот убиец Брајан Волши купува пила и големо количество средства за чистење и фрла тежок отпад во канта само неколку часа откако неговата сопруга родена во Белград, Ана Волш мистериозно исчезна.

Заматената црно-бела снимка од надзорот покажува дека 47-годишниот трговец со уметнички дела носи заштитна маска додека складирал голем број предмети, вклучувајќи кофи, пили, џогери, кеси за отпадоци и средства за чистење, се вели во соопштението на обвинителите во случајот.

Фотографиите, заедно со информациите за локацијата на на мобилниот телефон на најстарото дете на Волш, го сместуваат првоосомничениот кај продавницата, каде што ги купил сите наведени предмети што му помогнале да го распарчи и исфрли телото и да го исчисти местото на злосторството. пишуваат.

Друга снимка од надзорните камери покажува како Волш фрла голема црна кеса во ѓубрето пред станбена зграда во Масачусетс, пишува Дејли Меил.

Фотографиите се најновиот доказ против Волш, кој е обвинет дека до смрт ја претепал својата сопруга Ана во нивниот дом во Кохасет, потоа ја распарчил, ги ставил посмртните останки и ги фрлил во неколку контејнери на почетокот на јануари. Телото на 39-годишната мајка на три деца се уште не е пронајдено.

Полицијата вели дека има многу посредни докази кои го поврзуваат Брајан Волш со злосторството на новогодишната ноќ, како што се овие видеа, нејзината облека што тој наводно ја фрлил и пребарувањата на Google за кои тврдат дека биле направени за да научат како да ги фрлаат телата.

Обвинителите тврдат дека Брајан ја убил Ана, агент за недвижнини, откако ја открил нејзината афера.

Според неодамна објавените судски документи, Ана Волш наводно го поминала Денот на благодарноста во Даблин со мистериозен љубовник. Нејзиното неидентификувано момче и кажало на полицијата дека биле во врска неколку месеци.

Неколку дена пред нејзината смрт, Ана му рекла дека мисли дека нејзиниот сопруг ќе заврши во затвор, веројатно поради обвинение за измама со уметнички дела, и планирала да замине и да се пресели во Вашингтон, се вели во судските документи.

Обвинителите, исто така, тврдат дека Волш ќе има корист од 2,7 милиони долари исплати за животно осигурување доколку Ана умре, според извештајот на Дејли Меил. Сепак, одбраната тврди дека парите не му требаат бидејќи неговото семејство е веќе богато.

Волш е обвинет за убиство од прв степен и се изјасни за невин. Судијата го одби барањето на одбраната да определи кауција од 150.000 долари и му нареди да остане во притвор до судењето.

Полицијата на 8 јануари го уапсил поради лажна изјава при истрагата за исчезнувањето на неговата сопруга Ана.

При претресот на куќата, инспекторите пронашле дамки од крв во подрумот и крвав нож. Адвокатот на Волш, Трејси Мајнер, тврди дека Ана едноставно заминала и не сака да ја најдат. Волш треба да се врати на суд во август.

Би можело да ве интересира

Истражителите го имаат клучниот доказ за убиството на Србинката Ана Волш, се чекаат анализите

Американската полиција доби мистериозна порака седум дена по исчезнувањето на Србинката

Предраг Петровиќ

Брајан Волш денеска се појави на суд: Обвинет е за убиство на сопругата Ана

Брајан Волш е обвинет за убиство на сопругата Ана

Пронајдено е тело во близина на куќата на мајката на Брајан Волш

Познаници го опишаа Брајан како изрод: „Ана беше тивка, не се дружеше со никого“

А1он