Пронајдено е тело во близина на куќата на мајката на Брајан Волш

Од:

Телото на непознато лице е пронајдено на плажа во близина на пристаништето Салем, коe се наоѓа на десет километри од местото каде што живее мајката на Брајан Волш, Дијана Волш.

Брајан Волш, беше обвинет дека на 1 јануари ја убил својата сопруга Ана Волш во подрумот на нивната куќа, а потоа и го распарчил телото и го фрлил на најмалку две депонии во близина на куќата на неговата мајка.

Волш беше снимен од камери во близина на местото каде живее Дијана Волш во деновите кога белграѓанката ја немаше. Инаку, тој е снимен и како го вози нејзиниот црвен автомобил, најверојатно за да си ги покрие трагите.

Инспекторите до сега пронашле крвави вреќи, облека и накит, како и пропусница за Ковид на нејзино име. Исто така, откриена е пила и пронајден e нож во куќата, како и траги од крвта на Ана Волш.

Сепак, делови од нејзиното тело не се пронајдени, па истражителите претпоставуваат дека тој ги распарчил и ги фрлил на една од депониите на кои се гори ѓубре.

Според американските медиуми, полицијата собира докази и се обидува да го утврди идентитетот на телото кое вчера беше пронајдено на брегот. Наводно го открила жена која живее во близина и веднаш повикала полиција.

-Полициски службеници вршат увид на местото каде во четвртокот попладне околу 16 часот е пронајдено тело. Куќата на жената која го пронашла телото е на брегот, на самиот влез на плажата, а тоа го забележала кога излегла да го прошета своето куче – објавија американските медиуми.

Засега не се соопштува полот на лицето чие тело е извлечено од водата, но се соопштува дека на телото била пронајдена марама. На социјалните мрежи се појавија коментари дека плажата се наоѓа во близина на куќата на мајката на обвинетиот за убиството на Србинката.

– Телото е речиси распаднато, очигледно е дека долго време е во вода – пренесуваат локалните медиуми цитирајќи полициски службеници.

Би можело да ве интересира

Истражителите го имаат клучниот доказ за убиството на Србинката Ана Волш, се чекаат анализите

Американската полиција доби мистериозна порака седум дена по исчезнувањето на Србинката

Предраг Петровиќ

Нови детали за убиството на Србинката Ана Волш: Сопругот ја распарчил поради љубовник

Катерина Ѓуровски

Брајан Волш денеска се појави на суд: Обвинет е за убиство на сопругата Ана

Брајан Волш е обвинет за убиство на сопругата Ана

Познаници го опишаа Брајан како изрод: „Ана беше тивка, не се дружеше со никого“

А1он