Виетнамец имал луда идеја да прошверцува живи риби во Нов Зеланд кои ги ставил во џебовите. Но, сепак не успеал во тоа, бидејќи го откриле мокрите панталони.
Тој се обидел да прошверцува седум риби кои ги ставил во кеси со вода.
Царинарните работници на аеродромот во Нов Зеланд забележале дека на човекот му се мокри пантолоните, и имале што да видат – кеси со рипчиња. Тој се правдал дека сакал да им однесе на своите пријатели.
Поради овој прекршок му следува парична казна од дури 60.000 евра!